Office 2019 Download Guide

Како да ги преземете и инсталирате производите на Microsoft Office 2019 кои се потребни за TechSoup

Научете ја новата постапка за добивање на производите на Microsoft Office 2019

Со Office 2019, Microsoft го промени начинот на кој потрошувачите на Групно лиценцирање можат да ги преземат и инсталираат сите пакети и индивидуални апликации на Office, вклучувајќи ги Visio и Project. За разлика од претходните изданија на Office кои се добиваа преку Групно лиценцирање, производите на Office 2019 не можат да бидат преземени директно преку Сервисниот центар за групно лиценцирање (VLSC).

Ако веќе сте побарале производ на Office 2019 преку TechSoup и сте добиле имејл за известување од VLSC дека вашиот договор за лиценцирање е подготвен за прифаќање, можете да ги користите овие инструкции за да го добиете вашиот производ. Ако ви треба помош за надградба на Office 2019, можете да добиете евтина поддршка за инсталација од TechSoup.

Следете ги инструкциите за оперативниот систем што ќе го користите.

Инструкции за преземање и инсталација на Office 2019 за Windows

Почнувајќи со Office 2019, сите производи на Office за Windows кои се достапни преку Групно лиценцирање користат Click-to-Run технологија наместо традиционалната Windows Installer технологија. За употреба на верзиите за групно лиценцирање на производите на Office 2019 за корисниците во вашата организација, користете го Office Deployment Tool (ODT).

Ќе ви треба широкопојасна интернет конекција со брзини на преземање од најмалку 20 Mbps за преземање на производите на Office 2019. Имајте на ум дека производите на Office 2019 бараат Windows 10 и нема да работат на постари верзии на Windows.

Чекор еден: Регистрирајте се на VLSC и прифатете го Договорот за вашиот софтвер

Ако досега не сте го направиле тоа, регистрирајте се на VLSC и прифатете го договорот за софтверско лиценцирање за производите на Office 2019 кои ги побаравте со пополнување на чекор еден и два во нашето упатство за брзо стартување на VLSC.

Чекор два: Земете го вашиот Клуч за производот на Office 2019 од VLSC

  1. Најавете се на VLSC.
  2. Изберете Преземања и клучеви од јазичето.
  3. Најдете го вашиот Office 2019 производ од списокот и кликнете на Клуч врската.
  4. Во табелата под името на производот, ќе го најдете клучот за производот во колоната означена како Клуч. Колоната за Впишување на овој клуч треба да покажува MAK, не KMS.
    • Office пакетите имаат посебни клучеви за поставување на онлајн функционалност како веб апликации. Овие клучеви не се исти како MAK клучевите за производи и не можат да се користат за групна активација на десктоп производи.
    Во табелата под името на производот, ќе го најдете вашиот клуч за производот во колоната означена како Клуч. Колоната за впишување за овој клуч треба да покажува MAK, не KMS.
  5. Копирајте го индивидуалниот клуч за производот од оваа табела и залепете го во програма како Notepad или кликнете Отпакувајте ги сите клучеви: CSV веднаш над списокот на производи за да преземете список на клучеви во формат на вредности одделени со запирки (кој може да биде отворен со Excel). Овој список ги содржи сите клучеви за Групни лиценци кои се поврзани со договорите во вашиот VLSC профил.

Чекор три: Преземете го Office Deployment Tool (ODT)

  1. Преземете го Office Deployment Tool од Microsoft.
  2. Кога преземањето ќе заврши, отворете го и следете ги инструкциите за да ја отпакувате неговата содржина во папка по ваш избор.
  3. Кога ќе завршите, треба да имате датотека со назив setup.exe и некои датотеки како пример "configuration" кои завршуваат со .xml. Избришете ги .xml датотеките. Треба да ја задржите само setup.exe датотеката.

Чекор четири: Преземете ги и подгответе ги датотеките за конфигурација

Преземете ги потребните датотеки за конфигурација од табелата подолу со десен клик на датотеката која ви е потребна, избирајќи Зачувај ја врската како …, и зачувајте ја датотеката во истата папка каде што ја отпакувавте датотеката setup.exe во чекор три.

Научете како да одредите дали ви е потребна 32-битна или 64-битна верзија.

Понатаму, следете ги инструкциите подолу за да го додадете клучот за производот што го добивте од VLSC во чекор два, кон датотеката за конфигурација.

  1. Десен клик на датотеката за конфигурација и изберете Уреди да ја отворите датотеката во Notepad.
  2. Погледнете ја следната текстуална низа во датотеката за конфигурација:
    • PIDKEY="#####-#####-#####-#####-#####"
    Look for the following string of text in the configuration file: PIDKEY="#####-#####-#####-#####-#####"
  3. Во оваа низа, заменете го #####-#####-#####-#####-##### со вашиот MAK клуч за активација на клиент со копирање и лепење на клучот од таму каде што сте го зачувале. Оставете ги наводниците пред и после клучот.
  4. Зачувајте ја датотеката и потоа затворете ja.

Доколку побаравте повеќе од еден вид на Office производ, ќе треба да ја уредите датотеката за конфигурација и да додадете различен клуч за секој производ за којшто сте добиле лиценца.

Доколку имате потреба од дополнително прилагодување за ваши потреби и доколку имате искуство од ИТ, можете да го ја користите алатката на Microsoft Office Customization Tool за да ги креирате вашите сопствени датотеки за конфигурација.

Чекор пет: Преземете ги и инсталирајте ги вашите производи

Имајте на ум дека сите поранешни верзии на Office ќе бидат деинсталирани кога ќе ги инсталирате производите на Office 2019, затоа бидете сигурни дека сте ги зачувале и исклучиле сите активни сесии на Office апликации.

  1. Одете до папката која ја содржи датотеката setup.exe и датотеките за конфигурација.
  2. За да се подготвите за следниот чекор, треба да го копирате името на датотеката за конфигурација за производот кој сакате да го инсталирате. За да го направите ова, задајте десен клик на датотеката за конфигурација, изберетеПреименувај, и притиснете Ctrl+C за да го копирате името на датотеката. Потоа, кликнете на било кое друго место во папката за да ја одселектирате датотеката без да направите промени во нејзиното име.
  3. Ќе треба да ги извршите следните чекори преку Командна околина, што претставува интерфејс за задавање на текстуални команди што работи во Windows. За да ја отворите Командната околина, држете го притиснато копчето Shift, задајте десен клик некаде во папката која ја содржи датотеката setup.exe и датотеките за конфигурација, и изберете Отвори го прозорецот за наредби овде .
    десен клик некаде во папката која ја содржи датотеката setup.exe и датотеките за конфигурација, и изберете Отвори го прозорецот за наредби овде.
  4. Впишете го следното во Командната околина, но заменете го "configuration.xml" со името на датотеката за конфигурација што ја копиравте со десен клик и со избирање на Залепи во полето на Командната околина:
    • setup /download configuration.xml
    • Кога ќе го залепите името на датотеката за конфигурација, бидете сигурни дека ќе додадете .xml ако веќе не е таму.
    Впишете ги информациите од датотеката за конфигурација во Командната околина
  5. Ќе изгледа како ништо да не се случува, но вашиот производ ќе се презема во позадина. Преземањето ќе биде голема датотека и може да потрае додека да заврши. Откако преземањето ќе заврши, ќе бидете вратени на Командната околина.
  6. Откако преземањето ќе заврши, можете да го инсталирате производот. Впишете го следното во Командната околина, но повторно заменете го "configuration.xml" со името на датотеката за конфигурација којашто ја копиравте со десен клик и со избирање на Залепи:
    • setup /configure configuration.xml
    • Повторно, бидете сигурни дека името на датотеката за конфигурација завршува на .xml
  7. Кога ќе заврши вашата инсталација, ќе бидете вратени на Командната околина. Затворете ја Командната околина и вратете се на работната површина. Вашиот Office 2019 ќе биде инсталиран и подготвен за употреба.

Ако треба да ја прилагодите вашата инсталација или ако имате потреба од подетални инструкции, можете да се обратите до водичот на Microsoft за употреба на Office 2019 за ИТ професионалци .

macOS Инструкци за преземање и инсталација на Office 2019 за macOS

Со производите на Office 2019 за Mac, не можете да ги преземете датотеките за инсталација на Office директно од VLSC. Наместо тоа, треба да преземете алатка за активација која се вика Серијализер за групна лиценца (VL) од VLSC и потоа посебно да ги преземете датотеките за инсталација на Office од Microsoft преку Office мрежата за достава на содржини (CDN).

Инструкциите за изведба на сите овие чекори се достапни во VLSC на јазичето за Преземања и клучеви за секој производ на Office 2019 за Mac. Овде ги вклучуваме истите инструкции со повеќе детали за организациите кои имаат поголема потреба од помош.

Чекор еден: Регистрирајте се на VLSC и прифатете го Договорот за вашиот софтвер

Ако досега не сте го направиле тоа, регистрирајте се на VLSC и прифатете го вашиот Договор за лиценцирање на софтвер за производите на Office 2019 кои ги побаравте со пополнување на чекор еден и два во нашето упатство за брзо стартување на VLSC .

Чекор два: Преземете го и инсталирајте го Серијализерот за групни лиценци

  1. Најавете се на VLSC.
  2. Изберете Преземања и клучеви од јазичето.
  3. Најдете го вашиот производ од Office 2019 за Mac во списокот и кликнете на Преземи врската.
  4. Кликнете го копчето Продолжи на долниот дел од прозорецот.
  5. Кликне ја иконата за преземање (круг со стрелка надолу) за да го преземете Серијализерот за групно лиценцирање од .iso датотеката.
  6. Откако ќе заврши преземањето, отворете ја .iso датотеката за да го отпакувате пакетот од датотеки на Серијализерот за групно лиценцирање.
  7. Стартувајте го пакетот од датотеки на Серијализерот за групно лиценцирање на сите компјутери на кои ќе инсталирате групна лиценца на производ на Office 2019 за Mac.

Ако сте побарале повеќе од еден вид на производ на Office 2019 за Mac, повторете ја оваа постапка за секој производ.

Ви предлагаме да го стартувате Серијализерот за групно лиценцирање пред да ги инсталирате вашите производи на Office 2019 за Mac во следниот чекор, но исто така можете и подоцна да го стартувате серијализерот ако преферирате.

Чекор три: Преземете ги и инсталирајте ги вашите производи

Врските за преземање за добивање на вашите Office 2019 производи за Mac од Office CDN треба да бидат вклучени во текстуалните инструкции кои се појавуваат кога ќе кликнете на Преземи врската за секој производ во VLSC.

Сепак, можете да ги најдете врските за преземање за пакетот и индивидуалните апликации на Office 2019 и директно од Microsoft.

За пакетот на Office 2019 за Mac, можете да изберете дали сакате преземањето да содржи Microsoft Teams (комуникациска платформа на Microsoft) или не. Откако ќе го преземете пакетот за инсталација, отворете го и следете ги инструкциите за да го инсталирате вашиот производ.

Ако треба да ја прилагодите вашата инсталација или ако ви се потребни подетални инструкции, можете да се обратите до Водичот на Microsoft Упатство за употреба на Office за Mac за ИТ професионалци